Дваесет и девет години откако Деми Мур се појави на насловната страница на „Венити фер“ додека беше бремена со ќерката Скаут Вилис, сега педесет и осумгодишната актерка се пројави со свое мислење што значеа тие фотографии за неа и за жените насекаде.

Холивудската ѕвезда Деми Мур беше седум месеци бремена со своето второ дете кога сосега гола ја красеше насловната страница на „Венити фер“.

Таквиот приказ не беше невообичаен за Мур, чие породување со првото дете беше снимено со три видеокамери. Но, таквата насловна страница беше невидена за еден мејнстрим медиум. Портретистката Ени Либовиц создаде фотографија што ја слави бременоста и која покажува колку мајчинството може да биде, не само моќно, туку и секси.

Уредничката на списанието, Тина Браун, смета дека чинот на Мур е храбра постапка, со која новата млада филмска ѕвезда сакала да каже „изгледам убаво бремена и не се срамам од тоа“.

Фотографијата беше прва слика во масовните медиуми што ја сексуализираше бременоста, а многумина сметаа дека тоа е премногу шокантно за да се најде на полиците и штандовите меѓу другите магазини и весници. Некои компании одбија да го стават списанието на своите продажни места, додека други го прикриваа како порнографија. Тоа не беше порнографија, се разбира. Но, тоа беше провокативна насловна страница на списанието и го направи она што можат да го сторат само најдобрите насловни страници – донесе промена на културата.

Некогаш бременоста беше релативно приватна работа, дури и за јавни личности. По сликата на Либовиц, пораѓањата на славни личности, голите снимки поврзани мајчинството и фотографии од папараци на бремени славни личности станаа индустрија за себе.

При гостувањето во јутуб-емисијата „Без филтер“ на Наоми Кембел, Деми Мур се потсети на актот на насловната страница на „Венити фер“ од 1991 година. Мур смета дека таа разголена фотографија каде што има 28 години, и е во поодмината бременост го променила светот.

– Се сеќавам многу добро на тоа. Разбирам какво влијание имаше сѐ тоа врз светот. Пред се, мислам на жените, на нашата можност да си ја прифатиме својата бремена состојба. Но, тоа беше миг што го искористив за да бидам навистина своја и да се изразам себеси – кажала Мур.

Родителството претставува значителен дел од животот на Мур. Таа дури и одмораше некое време од успешната актерска кариера за да им се посвети на своите три ќерки. Инаку, таа има три деца со поранешниот сопруг Брус Вилис.

– Само одлучив дека тие треба да бидат најважни и да бидат на едно место. Едноставно, требаше да направам пауза – изјавила Мур во една прилика.

Неодамна имаше слична можност повторно да се поврзе со своите деца, но и со новото семејство на Вилис, односно со неговата сопруга Ема и нивните две ќерки, за време на пандемијата и карантинот.

– Моите ќерки ги сакаат своите помали сестри и за мене. Тоа е наше семејство, без разлика во каков облик е, и важно е да се чуваме сите заедно. Посебно за малите деца за да се чувствуваат пријатно со мене и да ме познаваат, за да ги знаат и своите сестри подобро. Беше навистина слатко и си поминавме доста откачено – додава Мур.