Стресот, недостигот од физичка активност и лошата исхрана за време на вонредната состојба може да доведат до зголемување на телесната тежина, а и до здравствени проблеми. Ви предлагаме неколку корисни совети како да не се здебелите и да останете во форма за време на изолацијата.

1. Наполнете го фрижидерот со здрава храна: Барањето утеха во слатките и грицките нема да ни донесе ништо добро ниту за половината, ниту на здравјето. Затоа, спречете го ова навреме така што во домот ќе набавите само здрави намирници, претежно свежо овошје и зеленчук.

2. Направете план за исхрана и придржувајте се до него: За да ја избегнете посетата на фрижидерот или шпајзот, повеќе од 5 пати, испланирајте ги оброците и обидете се да се држите до планот. Кога ќе почувствувате глад во период кога не е време за јадење, испијте чаша вода, свежо исцеден сок или чај.

3. Онлајн-тренинзи: Интернетот е полн со разновидни бесплатни вежби, така што секој може да најде нешто што би му одговарало. Употребете ја својата креативност, па, наместо справа, користете парчиња од мебелот дома.

4. Не заборавајте го менталното здравје: Негативните вести и прогнози имаат многу негативен ефект врз менталното здравје. Трудете се информациите што ги добивате да бидат само од проверен извор. Остатокот од вашето време посветете им го на работите што ве опуштаат и смируваат.

5. Стресот е вашиот најголем непријател: Вежбањето и квалитетниот ноќен сон може да ви помогнат да го контролирате стресот, а исто така можете да пробате и различни техники на дишење, медитација, музика за релаксација…