Колумбискиот Универзитет во Њујорк разработува методи и начини за тоа – како да ја елиминираме потребата за благо. Експериментот веќе дал позитивни резултати кај заморчињата, објави „Мирор“.

Истражувањето посочува дека ако се прекинат сигналите што рецепторите на јазикот ги испраќаат кон амигдалата – дел од мозокот одговорен за вкусови, потребата за јадење благо, се намалува.

– Така, кога ќе каснете од омиленото чоколадо, ја нема насладата. По неколку гризнувања можете да запрете, што во нормална ситуација не би го направиле, објаснува д-р Ли Ванг- водач на истражувачкиот тим.

Tој додава дека претходните истражувања покажале дека има јасна граница меѓу центрите во мозокот поврзани со слаткиот и горчливиот вкус.

– Тоа значи дека можеме да ги набљудуваме тие два дела од мозокот, со што резултатите доаѓаат побргу- вели тој.

Во експериментот, сигналите за слатко или горчливо кон амигдалата биле прекинати. И тогаш глувчето можело да прави разлика меѓу двата вкуса, но без емоционални реакции, како уживање во благото и избегнување на горчливото. 

Ова сознание може да помогне при диетите, третирањето дијабетес, но и лекување кај заболувања поврзани со храната, сметаат научниците.