Заштитните маски, без разлика дали се памучни или хируршки за еднократна употреба, мора да се носат речиси во сите затворени простории, според препораките на Светската здравствена организација. Но како да проверите дали вашата маска е безбедна за употреба? Значи, најважно е маските што ги носите како заштита од коронавирусот да се ефикасни, а вие можете да го проверите тоа со трик што се изведува за една секунда, пишува „Мирор“.
Сајмон Колстои, предавач за здравствена заштита базирана на докази на Универзитетот во Портсмут, објаснува дека еден од најефикасните тестови за ефективноста на заштитната маска е тестот со свеќа. Тестот е многу едноставен и трае само секунда. Она што треба да го направите е да ставите маска, да запалите свеќа и да се обидете да ја изгасите свеќата со дување додека ја носите маската.

Ако успеете да ја изгаснете свеќата или да го дувнете пламенот, тоа е доказ дека од вашата маска излегува премногу воздух и не е ефикасна против ширењето инфекции. Ако пламенот остане и не успеете да го придвижите со вашиот здив, тоа е знак дека таа е доволно ефикасна.
– Иако работата е во јачината на здивот и оддалеченоста на свеќата, одредени маски немаат доволно материјал за да го спречат ширењето на заразата. Маската со која е најтешко да се изгасне пламенот е најдобрата бариера за ширење на вирусот – вели Колстои.