Медицински совети

Во едно истражување од 2008 година, 10 испитаници се набљудувани додека престојуваат во својата канцеларија, во текот на три часа. Истражувањето открило дека тие го допреле лицето просечно 16 пати во текот на еден час. Според друго испитување од 2015 г., 26 студенти на медицина на Универзитетот во Австралија, 23 пати го допреле своето лице за еден час.

Мерките на претпазливост, како што е често миење на рацете во траење од најмалку 20 секунди, ќе помогнат само доколку не си го допираме лицето, бидејќи никогаш не можеме да знаеме кога сме допреле некој потенцијално смртоносен „сопатник“, квака или друга контаминирана површина. Нов прстен, накит, гумена лента околу зглобот може да ни бидат потсетник дека нашите раце треба да останат мирни. Зекери Сикора, клинички психолог од Медицинскиот факултет во Илиноис, дава неколку совети во оваа насока: Залепете налепници во вашето опкружување, која ќе ве предупредат да не се допирате по лицето, рацете нека ви бидат зафатени, можете да држите и обично шамиче, ставете мирисливо средство или крем, да ве опоменат што не треба да правите. Доколку ништо од ова не дејствува, користете заштитни ракавици!