Медицински совет

Децата од самото раѓање го создаваат својот имунитет, борејќи се со континуираната серија бактерии, вируси и други организми, а голем број педијатри ги сметат за нормална појава настинките од шест до осумгодишна возраст. Меѓутоа, со стекнување здрави навики, како што е физичка активност, јадење овошје и зеленчук и здрав и долг сон, родителите може дополнително да го зајакнат имунитетот кај децата.
Сепак, според голем број лекари, основата за здрав организам се поставува со доењето. Мајчиното млеко содржи антитела што ги зголемуваат имунитетот и бројот на белите крвни зрнца. Тие се заштита против воспаленија и инфекции. Според некои истражувања, доењето исто така штити од дијабетес, менингитис, Кронова болест, колитис, некои видови канцер. Ако е можно, дојте го детето најмалку првите три месеци, за да му овозможите на бебето да биде поздраво.
Исто така, внимавајте на хигиената и често мијте му ги рацете на детето со сапун. Внимавајте на хигиената пред и по оброците и по играњето во природа и доаѓањето дома од градинка или од друг затворен простор.