Сопственикот на добитното лото ливче во Британија влезе во Новата година побогат за околу 115 милиони фунти, погодувајќи ја комбинацијата на главниот џек-пот на ЕуроМилионс извлечена вчера.

Со тоа, играчот стана четвртиот најголем добитник во историјата на Обединетото Кралство освојувајќи го целиот џек-пот, кој изнесуваше 114.969.775,70 фунти, соопштија од британската државна лотарија.

Уште десет играчи освоија по милон фунти во Новогодишното извлекување.

Во јули 2011 година, Колин и Крис Вир од Шкотска станаа најголеми добитници на лотарија во Обединетото Кралство, откако освоија 161 милион фунти. Тие се сликаа со чекот од премијата, па потоа морале да се отселат од својот стан бидејќи ги вознемирувале луѓе што им барале пари.