Новите анализи открија дека помеѓу 30 и 50 проценти од големите ловци на
дивеч на територијата на денешна Америка биле жени

Научна студија се противи на сите претходни тврдења дека само мажите ловеле крупен дивеч и оделе во друштво на лов. Рандал Хас, археолог на Универзитетот во Калифорнија во Дејвис, во 2018 година со неговиот тим истражувачи пронајдоа ископана гробница стара 9.000 години во перуанските Анди. Забележаа коски што претпоставуваа дека му припаѓаат на возрасен човек, покрај кого бил поставен комплет камен алат за лов. Таквите алатки ги користеле античките ловци за лов на крупен дивеч, а оваа гробница содржела сè – од самите ловечки оружја до алатите за подготовка на кожата.
– Според она што можеше да се види претпоставуваме дека станува збор за навистина голем ловец и многу важна личност во општеството – изјавија Хас и неговите колеги.
Следуваа понатамошни анализи, а со резултатите дојде и изненадување. Остатоците од скелетот пронајдени покрај алатот и оружјето ѝ припаѓале на жена, а резултатите од ова истражување се објавени на 4 ноември во списанието „Сајанс адвенсес“. Откритието на Хас ги поттикна експертите низ светот да ги преиспитаат претходно откриените скелетни остатоци низ Америка, кои припаѓале на сличен период, користејќи нова технологија.

Па оттука новите анализи открија дека помеѓу 30 и 50 проценти од големите ловци на дивеч на територијата на денешна Америка биле жени. Оваа студија е спротивност на сите претходни тврдења дека мажите се занимавале со лов во друштво.
– Студијата заклучува дека поделбата меѓу машките и женските работни места, разликите во платата, кариерата и напредувањето меѓу мажите и жените, на кои што сме сведоци денес, не се природни, туку се социјална конструкција – објасни Хас.
Заедно со неговиот тим, тој ги проучуваше скелетните остатоци на шест лица, од кои двајца биле мажи и биле пронајдени на локалитетот Виламај Патјакса на Андите. Анализата на коските и забите идентификувала жена на возраст од 17 до 19 години, која научниците ја нарекоа ВМП6, и маж на возраст од 25 до 30 години.

Од посебен интерес за научниците, на местото каде што беа пронајдени остатоците на девојчето, се пронајдени ловечко оружје и додатоци за сечкање дивеч: камено копје, нож и обработени камења за да може да се чисти и раскинува животното. За да утврдат дека тоа не е исклучок, научниците проучувале уште 429 остатоци од скелети што биле откриени на 107 различни археолошки места на континентот, стари меѓу 17.000 и 4.000 години.
За 27 индивидуи, со сигурност го одредиле полот. Шеснаесет мажи и 11 жени биле пронајдени во гробовите во Америка закопани со ловечко оружје.
– Овој пример е доволен за да се заклучи дека жените учествувале во голем лов на дивеч и дека во тоа време тоа било сосема нормално – се вели во студијата.