Таинствен метален монолит се појави деновиве и во една рамнина во северна Холандија, соопштија тамошните власти. Вакви слични камени столбови се појавија неодамна во Калифорнија, САД, Романија и на југот на Велика Британија. Шетачите го откриле монолитот на приватен имот.
– Веројатно овој мистериозен споменик е поставен во текот на викендот – навеле членовите на организацијата на шумарите од овој крај.
Тие се обиделе да откријат некои траги што би укажале од каде потекнува.
Последниот монолит, поставен во Холандија, е во сребрена боја, а подножјето му било покриено со слој од мраз.