На 28 јули 1900 година, италијанскиот крал Умберто Први посетил мала пицерија во Монза, во близината на Милано. Тој бил пречекан и услужен лично од сопственикот на пицеријата, кој исто така се викал Умберто. Сличностите не завршиле тука. Тие личеле многу еден на друг, а имале ист датум на раѓање, 14 март 1844 година и биле родени во истиот град, Турин. Но повторно сличностите не завршиле овде. Двајцата се ожениле на истиот датум со жена по име Маргарита. Уште побизарно е тоа што датумот на крунисувањето на кралот бил истиот ден кога другиот Умберто ја отворил пицеријата. Ден по посетата, кралот Умберто дознал дека сопственикот на пицеријата бил убиен во пукање. Длабоко погоден од смртта на неговиот новооткриен двојник, кралот ја изјавил неговата тага во говор пред насобрана толпа. Наеднаш, од толпата се појавил анархистот Гаетано Бреши, кој го застрелал и убил кралот со пиштол.