Мистериозниот метален монолит, кој неочекувано го откри еден земјоделец во провинцијата Санлиурфи на југоистокот на земјата, исчезна четири дена по откривањето, јавуваат турските медиуми.

На монолитот пронајден во петокот можеше да се види натпис на турски јазик „погледни кон небото, ќе ја видиш Месечината“.

Мистериозниот објект бил висок околу три метри и бил откриен недалеку од локалитетот Ѓобекли Тепе, на кој се наоѓаат мегалитски структури кои датираат од 10 век пр.н.е, илјадници години пред Стоунхенџ и кои се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО, пренесе „АП“.

Засега е непознато дали властите го отстраниле монолитот.

Официјалните лица во канцеларијата на гувернерот на Санлиурфа не биле достапни за коментар.

Агенцијата „Анадолија“ го цитираше сопственикот на полето кој кажа дека бил збунет од појавата и исчезнувањето на монолитот.

Во текот на минатата година, мистериозни монолити се појавија во бројни земји и исчезнуваа по некое време.