Боа долга речиси два метра, чие исчезнување предизвика паника во градот Бингамтон во сојузната држава Њујорк, беше пронајдена во кујната на нејзиниот сопственик, скриена под мијалникот.

Во почетокот на седмицата сопственикот на змијата ги предупреди граѓаните на округот Брум дека неговата боа по име Бела побегнала од терариумоти и дека последен пат била видена во непосредна близина на средното училиште.

Заради тоа локалните власти издадоа предупредување граѓаните да бидат внимателни и особено да ги заштитат децата и малите животни.

Сопственикот денеска соопшти за локалните медиуми дека Бела е пронајдена неповредена и дека најверојатно не го напуштила неговиот стан.

Црвеноопашестата боа констриктор живее во тропските краеви на двете Америки, не е отровна, се храни со помали цицачи и убива со давење.