Роверот „Perseverance“ на НАСА треба да слета на Марс вечерва по седум месеци патување и поминати 468 милиони километри.

Ако сè оди како што треба, тоа ќе биде најамбициозната и технолошки најсофистицирана мисија на Марс што може да понуди дефинитивни одговори на прашањето дали некогаш имало живот на Црвената планета.
Директниот пренос од контролата на мисијата на НАСА започна во 20:15 часот, а слетувањето се очекува во 21:55 часот. Набргу по слетувањето, роверот треба да ги испрати своите први фотографии од површината на Марс, но тие ќе бидат со низок квалитет. НАСА подоцна ќе објави видео од слетувањето.

„Perseverance“ е петтиот ровер што НАСА го испрати на Марс, и тој треба да слета во сè уште неистражена област – кратерот Језеро, именуван по село во БиХ.

Зошто е избран кратерот Езеро за слетување? Кратерот Езеро е едно од најдобрите места за барање древен живот бидејќи пред околу 3,9 милијарди години веројатно бил исполнето со вода. Претходните анализи покажаа дека наслагите во кратерот се богати со минерали кои се формираат во присуство на вода, што значи дека некогаш таму можело да има живот. Во слични седименти на Земјата вообичаено се наоѓаат фосили.