Истанбул доби нова футуристичка телекомуникациска кула, која изгледа како да е од друга планета. Кулата висока 369 метри е дизајнирана од компанијата „Мелике алтинисик аркитектс“, а нејзината силуета се менува кога ќе ја погледнете од различни агли, односно од различни делови на градот. Покрај тоа, оние што се искачуваат на кулата може да ги видат и Европа и Азија.
Импресивната зграда содржи околу 125 предаватели за емитување, а исто така има двокатен ресторан и тераса за панорамски поглед на огромната метропола Истанбул.
Во кулата се организираат изложби, а дел е кафуле, има медиумски простории и друго. Лифтовите се поставени на надворешноста на конструкцијата и ги носат посетителите на височина од 180 метри. На врвот на кулата се наоѓа челичен јарбол, висок 145 метри, кој е поставен на бетонско јадро високо 203 метри.

Се разбира, влијанието на ветерот било земено предвид при дизајнот и конструкцијата, затоа биле извршени тестови за да се обезбеди стабилност
Кулата е мешавина од иновативна архитектура и инженерство, а нејзината цел е да го претстави чувството на движење и промена што го отелотворуваат ридовите, културата и топографијата на Истанбул.
Кога станува збор за телекомуникациите, кулата работи од ноември 2020 година, а оваа пролет ќе ги отвори вратите за јавноста.