На денешниот самит во Хелсинки американскиот претседател Доналд Трамп имаше средба со рускиот претседател Владимир Путин, каде друштво му правеше неговата сопруга, првата дама на САД, Меланија Трамп.

Всушност Меланија на самиот настан стана мета на твитерџиите, кои го забележале нејзиниот израз на лицето, после ракувањето со Путин. 

Оригиналната снимка која ја објави NBC покажува дека изразот на Меланија не е монтажа.