Исплашена камила повреди шест деца и едно возрасно лице во циркус во Питсбург.

Локалните власти соопштија дека на едно дете му е скршена раката, а останатите минале со помали повреди.

Инцидентот се случил во делот каде посетителите јавале камили, кои ги воделе дресери.

Една од посетителките на циркусот за локалните медиуми соопшти дека на камилата јавале две деца и еден возрасен, а несреќата се случила кога едно дете истрчало и фрлило лопата врз нозете на камилата.

– Камилите се движеа мирно се додека едно дете не фрли лопата пред нозете на една од нив и таа почна неконтролирано да скока, истакна посетителката.

Камилата неповредена за кратко време била смирена и циркусот продолжил да работи без проблеми.