Списокот на најмирни места за живеење, според „Глобалниот индекс за мир 2020 година“, се заснова на три главни критериуми: социјална сигурност, количество внатрешни и меѓународни конфликти и ниво на милитаризација

„Глобалниот индекс за мир 2020 година“ направи нов список со најмирољубиви држави, кои нудат мирен начин на живот. Анализата направена од оваа организација покажа дека најмирни нации се оние што имаат силна валута, големо количество странски инвестиции, пониски каматни стапки, политичка стабилност, но и лично чувство на среќа.
Институтот за економија и мир анализирал 163 земји и територии населени со 99,7 проценти од населението, за да ги избере најмирните места за живеење,
Списокот на најмирни места за живеење, според „Глобалниот индекс за мир 2020 година“, се заснова на три главни критериуми: социјална сигурност, количество внатрешни и меѓународни конфликти и ниво на милитаризација.
Десетта година во низа титулата најмирна земја во светот ја добива Исланд. Околу 365.000 луѓе живеат во Исланд и немаат војска. Тие имаат ниска стапка на криминал во земјата, висока стапка на вработеност, импресивен образовен систем и систем на социјална помош. Дури 97 проценти од граѓаните се опишуваат себеси како припадници на средната или повисоката работничка класа. Тие, исто така, брзо реагираа на првиот бран на новата пандемија на коронавирусот со затворање на границите, за да се намали ширењето на болеста.

Нов Зеланд е на второто место на листата на најмирни земји во светот, а третото место ѝ припадна на Португалија, која го надминува просекот на индустриски развиените земји во однос на домувањето, рамнотежата меѓу работниот живот, личната безбедност, но и квалитетот на животната средина. Најголемиот број земји на списокот меѓу 10-те најмирни за живот доаѓаат од Европа. Заедно со Исланд и Португалија, на списокот се и Австрија, Чешка, Данска и Швајцарија. Канада беше на шестото место, Сингапур е на седмото, а Јапонија на деветтото.
Институтот за економија и мир ја смести Македонија на 62-то место на листата на најмирни земји. Србија на 51-то место. Најдобро рангирана во регионот е Словенија, која го зазеде високото 11-то место, Хрватска е на 26-то место, Босна и Херцеговина е на 79-то место на списокот. Црна Гора е на 69-та позиција.
Глобалната мирољубивост падна за 2,5 отсто од 2008 година. Економското влијание на падот на мирот изнесува 14,5 трилиони долари. А пандемијата може да предизвика бран идни немири.
Пандемијата на коронавирусот влијаеше на некои од мерењата на „Глобалниот индекс за мир“, особено со ограничување на многу граѓански немири. Во текот на март и април, кога милијарди луѓе живееја под клуч, бројот на снимени демонстрации опадна за 90 отсто.