Домување

Подрумот може да се пренамени и во активен простор за живеење и работа ако се обезбедат поволни микроклиматски услови (природна светлина и оптимална влажност на воздухот). Доколку имате подрум со прозорци што се поставени високо на ѕидовите и имате продор на дневна светлина, ви се прошируваат можностите за активност во подрумот. На пример, можете да го искористите како работна просторија што ви недостига во постојниот станбен дел.
Подрумот можете да го уредите и како простор за забава. Можете да го уредите како игротека со топол под, добро осветлување, живописни бои на ѕидовите, мала гарнитура за седење и реквизити за играње или доколку имате повозрасни деца, ефективно ви било доколку го уредите во вид на домашен кафе-бар со шанк, соодветно осветлување и простор за седење. Но задолжително осигурете соодветен довод на електрична енергија за приклучување на аудио-видео уреди, инструменти, светла и слично.
Подрумот е драгоцен простор, кој може да се искористи на повеќе квалитетни начини. Иако за неговото уредување е потребна и одредена сума пари, сепак конечниот исход е повеќе од исплатлив.