Тамара Тодевска со песната „Monsters“ е прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал „Кенга меџик“ во Тирана, Албанија.

„Monsters“ е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров. Очигледно евровизискиот тим продолжува да ниже успеси.
– Пресреќна сум. Оваа награда им ја посветувам на моето семејство и на Македонија – изјави Тамара при земањето на наградата, која ѝ беше врачена од годинешната претставничка на „Евровизија“ за Албанија.

Во моментов Тамара го привршува својот трет студиски албум, а до крајот на годината ќе биде промовиран и видеозаписот за „Monsters“.