Секој дополнителен килограм телесна тежина го присилува телото да формира околу 20 км нови крвни садови.
Кога го знаеме тоа, не е тешко да ја разбереме врската помеѓу дебелината и срцевите заболувања. Повеќето на овие крвни садови претставуваат мали капилари, но тука се и малите вени и артерии. Добра вест е дека работата функционира и во обратен правец: ако изгубите килограм телесна тежина, вашето тело ќе ги блокира и ќе ги апсорбира крвните садови што веќе не му се потребни.

Во секој миг најверојатно дишеме само низ една ноздра
Ова важи за 85 отсто од луѓето. Она што е особено интересно е дека ноздрите се сменуваат приближно на секои четири часа. Дишењето низ различни ноздри има различно дејство на телото. Десната ноздра го зголемува нивото на глукоза во крвта и прави да употребуваме повеќе кислород, а исто така и ја стимулира левата (логичката) страна на нашиот мозок, додека дишењето низ левата ноздра ја стимулира десната (креативната) страна на мозокот.

Здраво е да се голта слузта од носот
Носната течност ги филтрира загадувачите од воздухот, па долго време се сметало дека не е здраво да се голтаат. Но најновите студии покажуваат дека тоа всушност го јакне имунолошкиот систем, со тоа што во организмот се внесуваат мали количества од овие загадувачи и го обучуваат телото да ги препознава и да се бори против нив.

Жените гледаат повеќе бои од мажите
Половина од жените имаат четири типа рецептори за боја, наместо вообичаените три, колку што имаат преостанатите. Кога го гледаат виножитото, луѓето со три рецептори гледаат 7 бои на виножитото, а оние со 4 околу 10. Причината е таа што рецепторите за црвена и за зелена боја се наоѓаат на хромозомот Х, кој го има само женскиот пол, а оние за сина на Y.

Има причина зошто забораваме зошто сме влегле во просторијата
На сите понекогаш ни се случило да влеземе во некоја соба и да заборавиме зошто сме дошле, со која намера. Француските истражувачи установиле дека испитаниците на кои им е зададена лесна задача трипати почесто забораваат ако пред нејзиното решавање поминале низ врата на некоја соба отколку да не поминале, а причината, како што заклучиле, е во тоа што нашиот мозок вратата ја доживува како „граница на доживувањето“ и сметаат дека повторно можеме да се сетиме ако се вратиме во таа соба.

Раната што ќе се посипе со шеќер полесно зараснува
Африканските исцелители веќе со генерации на раните ставаат здробена шеќерна трска. Болничарот Мзерс Миранду, кој израснал набљудувајќи го својот татко како го прави тоа, бил изненаден кога видел дека на запад нема таква практика. Тој спровел студија на поголем број пациенти со тешки повреди, чиреви и ампутации, и востановил дека шеќерот ја ублажува болката и ги убива бактериите што можат да го забават зараснувањето на раните.

Пред повраќање се лачи повеќе плунка
Во прашање е автоматски рефлекс, кој има цел да ги заштити, грлото, устата и забите. Киселината на желудникот е многу силна, толку силна што без заштита во желудникот би можело да се направи од неа дупка. Грлото и устата, меѓутоа, ја немаат оваа заштитна облога, па затоа плунката помага киселината да се разблажи и во извесна мера дури и да се неутрализира.

Осаменоста предизвикува физичка болка
Во експериментот во кој мозокот на испитаниците е скениран за време на компјутерска игра, која имала цел да предизвика чувство на исклученост и отфрленост, истражувачите востановиле дека чувството на осаменост се обработува во предниот сингуларен кортекс, на истиот дел од мозокот како и физичката болка. Тоа наедно објаснува поради што е толку силна човечката желба да се вклопи во групата и да има друштво.

Во нашите црева се наоѓа друг мозок?
Да, на некој начин. Во цревата се наоѓаат околу 100 милиони неврони, повеќе отколку во ’рбетниот столб, и тоа во науката е познато како внатрешен нервен систем. Овој „втор мозок“ не е способен за свесно мислење и главно е задолжен за варење на храната, но тоа не е сѐ. Ако некогаш сте почувствувале „пеперутки во стомакот“, или лошата вест сте ја доживеале „како удар во стомакот“, тоа го предизвикал токму овој нервен систем.

Луѓето се единствени цицачи, кои не можат истовремено да голтаат и да дишат
Сите други цицачи како и многу други животни, кои не се цицачи, можат да дишат додека јадат. Интересен е фактот дека бебиња можат да дишат додека цицаат, но оваа способност ја губиме околу 9-от месец од животот.

Калина С. Андонова