Поранешниот напаѓач на премиерлигашот Ливерпул, Даниел Стариџ, со интензивните повици на Инстаграм успеа да го врати дома своето куче Лучи, пренесе Еј-би-си њуз.

Кучето од расата померанец беше украдено од вилата на понешниот репрезентативец на Англија во Лос Анџелес, а Стариџ не бираше средства и нудеше до 30 илјади долари за безбедно лоцирање и враќање на миленикот.

Според информациите на американските медиуми, кучето безбедно е вратено кај Стариџ, откако полицијата во Лос Анџелес го пронашла миленикот, без да направи апсења.

Стариџ, кој одмара во својата раскошна вила во САД, по истекувањето на договорот на „Енфилд“ каде помина шест години, се уште нема ангажман за следната сезона.