Илустрација на дронот на НАСА

Американската вселенска агенција (НАСА) соопшти дека ќе го испрати дрон за да ја истражи најголемата месечина на Сатурн, Титан, пренесува магазинот „Тајм“. Благодарение на пропелерите, дронот ќе слета на неколку места на ледената месечина, за да испита дали има услови за живот на микробиолошки форми. 

Мисијата на нуклеарен погон е дел од програмата „Нови граници“ на НАСА, во рамките на која беше лансирано леталото „Нови хоризонти“, првото што ја посети џуџестата планета Плутон. 

Дронот познат како „Вилинско коњче“ победи во конкуренција на десетина предложени проекти. Неговото лансирање е предвидено за 2026 година, а пристигнувањето на Титан за 2034 година. Според планот, дронот треба да слета на дел од дините на Титан, а потоа и на кратер. Трошоците за развој на технологијата за мисијата ќе изнесуваат 850 милиони долари.