Индиската мисија на Месечината е на неколку минути од реализација. Започнато е слетувањето на површината на Месечината.
Ова е втора индиска мисија на Месечината, откако претходно беше одложена поради технички проблем.

Леталото Шандрајан 2 треба да слета помеѓу 1.30 и 2.30 часот во сабота.

Мисијата се состои од орбити што ќе се вртат околу Месечината околу една година. Ажурирања од слетувањето ќе стигнат од седиштето на индиската вселенска организација во Бенгалуру, кое нестрпливо го чека историското слетување. Со ова Индија ќе стане четврта земја што слетала на површината на Месечината. Досега тоа го сторија само САД, Русија и Кина.