Модни трендови

Судејќи според најновите трендови на социјалните мрежи, но и по она што го лансираат модните дизајнери, како што е на пример Марк Џејкобс, но и по она што го носат познатите личности, како Бела Хадид, тесните фармерки наскоро би можеле да отидат во заборав.
Глумиците Кејти Холмс и Трејс Елиот Рос се сликаа облечени во широки траперки. И Марк Џекобс се фотографираше со екстремно широки фармерки, од марката „Баленсијага“ и сликата ја објави на Инстаграм.
Претходно култниот бренд „Левис“ најави дека оваа сезона на сцената ќе доминираа широки ногавици, што веднаш го прифатија модните блогерки и инфлуенсерки.
На социјалните мрежи сѐ уште се поделени мислењата дали се подобри тесните или широките фармерки. Додека „постарите“ се залагаат да се задржи трендот на тесни фармерки, новата генерација почна да го бојкотира овој избор.
Всушност широките фармерки се враќање на модата од 1990-тите, а нели кога е во прашање модата, таа постојано се врти во круг.