Голем број љубители на филмот што го следеа неодамнешното доделување на „оскарите“ реагираа поради тоа што глумецот Лук Пери беше изоставен од годинашната почест што Академијата во сегментот „Ин мемориам“ им ја оддава на починатите членови на филмската индустрија во претходната година. Но гледачите сметаат дека е направена голема грешка.
Поради тоа претставниците на Академијата се обратија со официјално писмо до јавноста.
– Академијата прими неколку стотини барања од членовите на семејствата на починатите, но и од колегите од индустријата во сегментот „Ин мемориам“ да се стават имињата на нивните луѓе. Ексклузивниот одбор што претставува секоја гранка на индустријата избира врз основа на времето што Академијата им го одбори во директниот пренос. Сите пријави се поднесува на сајтот Oscars.com и остануваат на страницата цела година. На Лук Пери и на Камерон Бојси им е оддадена почит на оваа страница – истакнуваат членовите на Академијата.