Илон Маск основачот на компаниите „Тесла“ и „Спејс екс“, во мај објави на Твитер дека ќе го продаде целиот свој имот и нема да има свое постојано живеалиште, пренесува „Дејли мејл“.

Американските медиуми претходно објавија дека Маск го продава имотот во елитната населба Бел Ер за 25,8 милиони евра. Првичните информации говорат дека Маск договорил продажба на куќата на градежната компанија „Ел-ел-си“.