Вилата на Тито е една од најатрактивните локации во Далмација за свадби, а саботите до почетокот на пандемијата на коронавирус биле резервирани две години однапред.

Изнајмувањето на вилата за комерцијално користење на приземниот простор и терасата чинеше околу 28 илјади куни до 2018 година, а на крајот на 2018 година градот Сплит ја заокружи закупнината на 30 илјади куни, односно речиси 4.000 евра за еден ден.

– Зголемувањето на цената се должеше на фактот дека објектот има оперативни трошоци, кои вклучуваат електрична енергија, вода, греење или ладење, ангажирање дополнителен персонал за време на настанот. Исто така, дел од износот оди и за трошоците за чистење – рече за „Слободна Далмација“ на крајот на 2018 година Марин Урлиќ, управителот на комплексот.

Вилата под Марјан е изградена во 1914 година од страна на претприемачот Фрањо Шилер и сè до Втората светска војна се викала Вила Шилер. Во 1947 година го привлече вниманието на тогашната власт.

Властите таа година ја конфискуваа вилата која беше уредена за Тито, а потоа беше именувана како Вила Далмација, но на сплиќаните им остана позната како Вилата на Тито. Од крајот на осумдесеттите години, со неа управува градот Сплит.