Истражувачите од Светската метеоролошка огранизација открија нов рекорд на најладна температура на северната хемисфера, некогаш измерена. Оваа температура го сруши рекордот на температурата измерена во 1991 година на Гренланд, која изнесуваше минус 69,6 степени Целзиусови.

Новата температура е за два степена пониска од досегашниот рекорд, пишува британски „Гардијан“.

Станицата „Клинк“ на Гренланд забележала минус 69,6 степени Целзиусови на 22 декември, 1991 година, што е пониска од онаа измерена во Русија (минус 67,8 степени Целзиусови) во февруари во 1892 година.

Најниската температура на светот е забележана на јужната хемисфера на 21 јули, 1983 година од станица на Антарктикот и изнесува минус 89,2 степени Целзиусови.