Објавен е првиот трејлер за најновиот филм „Рогови“ на студиото „Срчлајт“, кој го претставува животот на жителите на американскиот град обвиен со митски приказни. Продуцентот на филмот, Гиљермо дел Торо, доби „оскар“ за „Обликот на водата“, кој исто така раскажува натприродна приказна за чудно суштество.
Филмот е инспириран од кратката приказна „Тивкото момче“ на Ник Антоска. Улогата на Лукас, односно тивкото момче, ја игра младиот Џереми Томас.
Во изолираниот град во Орегон, наставничка во средно училиште и Пол, нејзиниот брат шериф, се загрижени за еден од нејзините ученици, едно младо енигматично момче по име Лукас Вивер, чии мрачни тајни доведуваат до застрашувачки средби со легендарно античко суштество, кое дошло пред нив.
Режисер на филмот е Скот Купер, тој ѝ е познат на публиката по неговите режисерски способности благодарение на филмот „Црна миса“, во кој главните улоги ги толкуваат холивудскиот актер Џони Деп и неговата помлада колешка Дакота Џонсон.
Во новиот хорор-филм, обвиен со мистерија и со елементи на драма, кој доаѓа да го прослави најголемиот ден на стравот низ светот (Ноќта на вештерките), Кери Расел ја игра Џулија Мелроуз, додека нејзиниот брат Пол Мелроуз го игра Џеси Племонс, кој оваа година се појави во улогата на злобниот капетан на брод во долгометражниот филм „Авантура во џунглата“ на „Дизни“.