Неодамна од печат излезе новата поетска книга „Некои златни времиња“ од Васил Тоциновски, која претставува своевидно збогатување не само во авторовиот богат и жанровски разнороден опус, туку и вредносен прилог во тековите и резултатите на современата македонска поезија. Издавач на книгата е здружението за наука и култура „Нова“ од Битола.

По шест години од „Затворен ковчег“ (2011) авторот едноставно нѐ изненадува со новиот круг од теми и мотиви и со нова поетика. Секојдневието низ доживувања на малиот и обичен човек го води до создавање едноставна и мудра песна во која и најмалиот, незабележлив детаљ или миг се пресоздаваат во стихови.

– Мудроста и животното искуство стануваат поттекст на поетот во универзални димензии и пораки од егзистенцијата на зборот, времето и просторот – стои во рецензијата за книгата.