Издржливиот вид на жаби поседува способност која им овозможува да опстанат и во тешки зимски услови, објавува канадски Си-би-ес.

Поради тоа што не се во можност да поминат големи растојанија за да избегаат од зимата во Канада, овие жаби развиле една од најневеројатните стратегии за преживување, при која замрзнуваат.

Со доаѓањето на зимата, тие лутаат веднаш под паднатите лисја. Тогаш во крвта почнуваат да создаваат специјално средство против смрзнување, направено од гликоза и гликоген.

Со опаѓањето на температурата, овој „антифриз“ се внесува во нивните клетки. Во внатрешноста на секоја клетка, шеќерниот сируп ги одржува клетките дебели и цврсти и спречува да се формираат ледени кристали што би ги убило.

Кога се во оваа замрзната состојба, нивните срца престануваат да чукаат и тие престануваат да дишат. Дури 70 отсто од телото на жабата е цврсто замрзнато.

Овие жилави и издржливи жаби можат да преживеат цела зима во оваа состојба, претрпувајќи неколку циклуси на замрзнување и топење според тоа како се менува температурата.

Кога времето затоплува доаѓа жабите се појавуваат за да започнат со својата „песна“, со што го одбележуваат почетокот на канадската пролет.

Научниците учат повеќе за тоа како овие жаби опстануваат со надеж дека еден ден ќе го искористат знаењето за подобрување на трансплантациите на органи кај луѓето.