Вашите „Херои“ ве повикуваат да се придружите кон најновиот предизвик „Ќе најдете ли 30 минути за книга?“. Ајде заедно да ја разбудиме навиката за читање! Како да се придружите на овој предизвик?

Секоја седмица ќе издаваме по една книга од нашата програма. Книгите ќе бидат достапни на читателите во сите градови и населени места во земјата каде се продава дневниот печат, односно ќе бидат достапни на повеќе од 750 продажни места. Промотивната цена е 100 денари за книга, доколку се купи заедно со весникот „Нова Македонија“.

Започнуваме оваа сабота (28 септември) со книгата „Уметноста на војувањето“ од Сун Цу.

 

Со само 30 минути одделени во текот на денот може да се прочитаат дури четири книги месечно. Ве предизвикуваме да ги најдете тие 30 минути, а ние со нашата програма ви ветуваме дека ќе ги збогатиме вашите животи со многу интересни приказни и херои.

Ќе се стремиме да го поттикнеме читателот во секого од нас, создавајќи привлечни изданија од повеќе категории, вклучувајќи популарна наука, прилагодени класици за рана возраст, илустрирани приказни, современи класици, популарна психологија, едукативни игри и загатки и слично.

И да не заборавиме! Издавачкиот центар „Херои“ ќе донира дел од профитот од секоја продадена книга во обнова на библиотеки во домови за деца без родители, болници за деца со ретки болести, освежување на училиштните библиотеки, групни домови низ државата и уште многу места кои ќе ги мапираме заедно со нашите читатели! Печатиме на рециклирана хартија, со цел да бидеме одговорни кон животната средина и со цел да ги рециклираме овие читачки навики.

Оваа сабота, утрото започнете го со книга! #30МинутиКнига

До читање,
ваши „Херои“