ДНК од коската на мечка, од пештера која датира од пред 360.000 години, е најстариот генетски материјал кој некогаш бил извлечен од животно кое не било заробено во мраз. Истражувачи од универзитетот „Нотингем Трент“ во Англија пронашле ДНК во перовата коска која го содржи и штити внатрешното уво, пренесува „Дејли мејл“.

Генетскиот материјал стар 360.000 години потекнувал од коската на мечка од пештера, поголема и тревојадна роднина на поларните и кафеави мечки, кои изумреле за време на средниот плеистоцен, на просторот на денешна Грузија.

Анализата на нејзината ДНК открива дека мечките од пештера еволуирале пред 1,5 милиони години од истиот заеднички предок како кафеавите и поларните мечки, како и другите сега веќе изумрени видови.

– Нашата студија покажува дека оваа неверојатна молекула може да преживее дури и подолго отколку што се сметаше порано, отворајќи нови можности за генетски истражувања за претходно незамисливите временски рамки – изјавил водечкиот истражувач д-р Аксел Барлоу од универзитетот „Нотингем Трент“.

– Анализиравме црвена коска што беше отприлика седум пати постара од онаа што претходно ја проучувавме. Тоа покажува дека податоците за геномот кои може да се добијат од примероците со умерена зона надминуваат повеќе од 300 милениуми. Да биде појасно, во споредба со човекот, оваа пештерска мечка веројатно живеела уште пред да настане нашиот вид – хомо сапиенс – вели Барлоу.

Познато е дека перовата коска е скоро непропустлива за контаминација и затоа често е најдоброто место за барање непроменет генетски материјал во многу стари фосили. Имаше одреден степен на контаминација и деградација на ДНК, но истражувачите успеале да го филтрираат материјалот со помош на компјутер.