Маж осуден на домашен притвор се пријавил во полициска станица и побарал да биде ставен во затвор бидејќи неговиот живот со сопругата и нејзиното семејство бил невозможен, објави италијанската полиција.
Станува збор за 30-годишен Албанец, кој живее во градот Гидонија Монтечело, во близината на Рим.
– Во очај решил да побегне, сам се пријави и побара да ја издржи казната зад решетки – информираа од полицијата.
Човекот е осуден на домашен притвор, каде што се наоѓал веќе неколку месеци поради злосторства поврзани со дрога.
– Таквата казна требало да ја издржува неколку години, што му изгледало безнадежно – изјави Франческо Џакомо Феранте од Тиволи.
Обвинетиот во полиција рекол дека животот му станал пекол и оти веќе не може да издржи, па сака да оди во затвор. Кога се пријавил во полицијата, човекот бил уапсен поради кршење на куќниот притвор, па правосудните органи наредиле да биде ставен зад решетки.