Британскиот актер Идрис Елба на крајот на месецов ќе добие едно од највисоките почести што ги доделува Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) – специјалната телевизиска награда.

Тој на 31 јули ќе го прими признанието на виртуелна церемонијата за врачување на наградите на БАФТА.

Елба рече дека наградата е голема привилегија и дека негова мисија е да им се да дадат можности на новите таленти.

Досегашни добитници на специјалната телевизиска награда се Клер Болдинг, Сила Блек, сер Лени Хенри и коментаторот Мотсон.

– Мојата мисија е да се обезбеди можност и пристап на талентите од разни средини во оваа индустрија, каква што добив ја пред многу години. Се заблагодарувам на БАФТА што ме препозна мене и другите кои се посветени на истата цел, бидејќи сите овие чекори се неопходни и ќе помогнат за промена на свеста и за разбирањето на различностите во забавата – рече Елба.