Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ивица Маринковиќ, познат како Ивце Пивце, ја претстави втората книга раскази за деца со интересен наслов „За можење можам, но дали смеам“, на штандот на „Просветно дело“ на Саемот на книгата.

Гости на промоцијата беа учениците на скопските основни училишта „Кочо Рацин“ и „Петар Поп Арсов“, како и илустраторот на книгата Никола Димов.

Промотори на книгата се Весна Мораитова и Билјана Петрова.