Главните карактерни црти на носителите на оваа крвна група биле важни во секое општество, од памтивек до денес. Лидерските карактеристики, проактивноста, енергијата и фокусираноста се меѓу најдобрите особини на луѓето со крвна група 0. Тие може да бидат силни и продуктивни, меѓутоа кога се под стрес, може да бидат лути, хиперактивни и импулсивни. Лошата исхрана, недостигот од физички активности, чудното однесување или зголеменото ниво на стрес ги прават чувствителни на негативните ефекти, вклучувајќи и инсулинска резистенција, намалена активност на штитната жлезда и дебелеење. Но што е она што ги прави единствени?

Во Јапонија, крвната група долго била поврзувана со типот на личноста, па дури тоа било прашање и на интервјуата за работа. Припадниците со крвна група 0 се опишуваат како: одговорни, решителни, организирани, насочени, совесни и практични. Се смета дека можат подобро да се ориентираат и се одлични логичари. Се верува дека тоа произлегува од фактот дека предците им биле ловци, кои морале точно да ја проценат околината за да си обезбедат опстанок на одредена територија.

Но стресот може да предизвика претерани напади на лутење и хиперактивност. Луѓето со оваа крвна група се најчувствителни на деструктивно однесување кога се премногу уморни, депресивни или им е здодевно. Тоа може да вклучува и обложување, барање возбуда, преземање ризик и импулсивност. Затоа треба да избегнуваат кофеин и алкохол.