Британскиот град Ливерпул е едно од ретките места во светот што се симнати од листата на УНЕСКО за светско наследство. Тоа му „успеа“ кога автентичниот изглед на пристаништето на реката Мерс беше „разубавен“ со модерни зданија.
Речното пристаниште на овој град и неговите стари магацини и недвижностите на старите поморски претпријатија од 18, 19 и 20 век оставаа впечаток кај големиот број туристи, но и кај стручњаците за светско наследство, па во 2004 година Ливерпул беше ставен на оваа листа на УНЕСКО.
Меѓутоа на татковците на градот не им беше доволно тоа што градот прекуноќ стана мамка за туристи. Имено, поради изградбата на нови објекти што го нарушија изгледот на историската целина, УНЕСКО најпрво во 2012 година го стави Ливерпул на списокот на светско наследство во опасност, а од неодамна и го исфрли од листата на заштитени подрачја. Интересно е дека во средувањето на крајбрежјето на градот биле вложени многу пари. На пример, клучниот проект, наречен „Водите на Ливерпул“, чинел 6,8 милијарди долари. Изведувач на работите е фантомската фирма „Пил груп“, за која медиумите велеа дека е „најголемата компанија за која никогаш не сте слушнале“.
Нивната идеја била овој дел на градот да се трансформира во британска верзија на кинеските пристаништа со солитери што се надвиснуваат над историското јадро на градот.