НОВ МОДЕН ТРЕНД

Стилистот и фризер Алексис Ферер од Барселона со години развива техника што му овозможува дигитално да печати женска коса. Алексис Ферер започна да експериментира со печатење коса уште во 2012 година, откако брендот за нега на коса „Вела профешнал“ го замоли да направи необична колекција на наградите на „Интернешнел тренд вижон“.
Целта била да се „иновира техника што не се користи често во фризерството“, а фотографското печатење коса изгледало како совршен начин за „графичко прикажување приказни“. Првиот обид на Ферер успеа да привлече големо внимание во светот на модата и оттогаш работи на усовршување на техниките на „печатење коса“.
Првиот подвиг на Ферер во печатењето коса го натера да создаде креации од печатена коса со ликови на женски протагонисти од класиката на хорор-филмовите „Зрачење“ и „Психо“ на Хичкок. Моделите продефилирале со косата спуштена преку лицето, а екстензиите биле фиксирани со мрежа за да ѝ се овозможи на косата да се приспособи на движењето на моделот.
Во 2017 година, за модната недела во Барселона, шпанскиот фризер се здружи со дизајнерот Ткел Мирас, во колекција инспирирана од контејнери за чамци и рибари. Овој пат тој имал фотографски портрети на рибари отпечатени на екстензии на долга женска коса, што беше прво во светот на фризурите.
На почетокот на 2021 година, Ферер ја претстави најновата верзија на неговата техника за печатење коса, која сега му овозможува дигитално да печати живописни дизајни на човечка коса. Иако постапката не беше откриена, фризерот ја опиша како „комбинација на фризерски стилови, помешани со технологија“.
– Морам да признаам дека првите отпечатоци на косата беа предизвик. Беа потребни два месеца за да се постигнат добри резултати со висока резолуција. Мешањето на технологијата со нашето фризерско знаење ни овозможи да ги креираме тие прекрасни модели на женска коса – истакна Ферер за време на ревијата на неговата најновата колекција на дизајни печатени на коса, наречена „Ла фаворите“, која инспирирана од најдобрите ткаенини во француската буржоазија во текот на 18 век и содржи различни мотиви во барокен стил, како шарени божури, пеперутки и птици.