Бебињата не ја задржуваат температурата како возрасните, затоа кога престојуваат надвор во текот на зимата облеката треба да биде приспособена на временските услови – тоа да не биде ниту премалку ниту премногу облечено.

Кожа
Кожата на бебето е склона кон сушење и пукање во зимските месеци, па затоа се препорачува редовно мачкање со крем за навлажнување.

Слоеви алишта
Според стручните лица, бебето треба да носи еден слој алишта повеќе отколку што родителот облекува на себе, но не повеќе. Дополнително ќебе на детското седиште во автомобилот не е вишок, сѐ додека тоа не го задушува протокот на воздух. Исто така, се препорачува да се изолира количката за да се намали изложеноста на студ кај бебето. Може да се стави парче стиропор под бебето.

Врат
Ако вратот е топол и влажен, тоа значи дека на бебето му е премногу топло. Доколку, пак, вратот му е ладен, треба да биде облечено потопло.

Раце
Најсигурен знак дека на бебето му студи, се ладни црвени раце, нивно треперење, како и бледи или црвени нозе и модри усни.