Највисоката планина во светот, Монт Еверест, официјално беше прогласена за повисока, благодарение на заедничкиот договор на Непал и Кина, чија национална граница се наоѓа над врвот. По спроведените истражувања од страна на непалските и кинеските власти, тие конечно се договорија дека планината е висока 8.848,86 метри.
Ревидираната висина ја направи Еверест за 86 сантиметри повисока од она што претходно го измерил Непал, додека Кина тврдеше дека планината е висока 8.848,43 метри, затоа што мерењето не ја вклучувало „снежната покривка“.
Катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени во 2015 година во Непал доведе до теорија дека поместувањето на тектонските плочи можело да влијае на висината на Еверест, што резултира таа повторно да се измери. Истражувачите од двете земји ги користеа истите методи за да ги извршат своите мерења, што доведе до договор за ревидираната бројка.