Холивудскиот глумец Антонио Бандерас се зарази од корнавирусот минатиот август, неколку недели пред неговиот јубилеен 60-ти роденден, па, иако неговата партнерка Никол Кимпел се погрижила да го одбележат денот, тој сметал дека не е вистинско време за голема прослава.
– Ние славевме затоа што секоја година од животот е повод за славење. Но ова навистина не беше година за забави. Најголем подарок беше неговото брзо закрепнување – вели Никол.
Таа призна дека била исплашена за својот партнер и од евентуални компликации од коронавирусот поради неговата возраст.
– Ги претрпевме истите сомнежи како и сите што го фатија вирусот. На почетокот сте исплашени, затоа што не знаете колку лошо ќе ве погоди. Во случајот со Антонио, неговите главни симптоми беа силни болки во мускулите и замор, но тој добро се справи со болеста. Тој е многу силен човек и е во одлична физичка форма – откри Никол.