Ползата од лутите пиперки

Лутата пиперка е добра за циркулацијата, за запирање на крвавењето, за отстранување болка. Најдобри се најлутите. Тие помагаат и при срцев удар. Хемиската супстанција што е лековита е капсаицинот, кој предизвикува жешко чувство, а во црвената чили-пиперка го има и до 0,2 отсто.

Американското здружение за истражување на ракот извршило истражувања во кои е докажано дека капсаицинот може да ги уништи клетките на ракот на простатата. Истражувањата на Нотингемскиот универзитет покажуваат дека капсаицинот предизвикува уништување на хуманите клетки на ракот и на белите дробови. Постојат истражувања во Јапонија и во Кина чии резултати укажуваат на тоа дека капсаицинот дејствува како инхибитор на растот на клетките што се одговорни за настанок на леукемија.

Лутата пиперка, исто така, го запира крвавењето, а она што треба да го направите кога ќе се исечете е да ставите мелена лута пиперка на раната. Доколку имате проблем со синусите, исто така можете да употребувате лута пиперка. Треба да се инхалирате неколку минути со раствор од лута пиперка. Непријатно е, но ќе видите колку ќе ви биде подобро по првата терапија. Може ќе почнете да кивате и да ви биде тешко, но навистина многу ќе ви помогне.