Кората од ананас како лек

Многумина го сакаат вкусниот ананас, но и неговата кора е многу корисна. Ова тропско овошје навистина има груба обвивка, во споредба со внатрешноста, но еве неколку корисни совети како да си го подобрите здравјето со кората од ананасот.
Ги јакне забите и коските: Бидејќи е богата со манган, кората од ананас е извонредна за оралното здравје, бидејќи содржи витамин Ц и ги одржува непцата здрави.

Ги намалува отоците по повреди и операции: Кората од ананас содржи бромелаин, кој е моќен ензим и има антивоспалително дејство. Може да се користи и за намалување на отоците, создадени како последица од повреда или операција.

Го поттикнува процесот на варење на храната: Ако имате проблеми со варењето, обидете се да ги решите со кора од ананас. Таа помага во борбата против цревните паразити и во случај на запек. Се препорачува лицата што имаат проблеми со варењето почесто да јадат кора од ананас.
Го поттикнува имунитетот: И тука витаминот Ц има главна улога, освен самото овошје, и кората од ананасот ја содржи оваа важна состојка, која помага во борбата со настинките, вирусите и бактериите.