Јагодите се чистачи на крвните садови

Јаготките не се само вкусни туку и многу здрави. Тие се природни лекови за анемија, ја зајакнуваат крвта, го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Ова вкусно овошје содржи големо количество витамин Ц и железо. Го штитат организмот од настинки и од разни други заболувања. Му дават енергија на телото, што е особено важно во борбата против пролетниот замор.

Докажано е дека консумирањето јаготки може да помогне во заштитата од рак. Ова слатко овошје содржи антиоксиданси, кои помагаат против стареењето. Содржат природни феноли, кои имаат антивоспалително дејство слично на аспиринот и ибупрофенот и помагаат во ублажување на болките. Јаготките се нискокалорични, па затоа може да станат дел од вашата исхраната, без разлика дали сте на диета или не.

Плодот од шумската јагода го намалува зголемениот крвен притисок и ги намалува масните наслаги во крвните садови. Поради тоа тие, со право, се нарекуваат чистачи на крвните садови и заштитници на срцето. Ја спречуваат атеросклерозата, го јакнат срцето и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Затоа плодовите од шумските јагоди им се препорачуваат на лицата со слабо срце, со висок крвен притисок и со атеросклероза.