Истражувачите во целиот свет знаат дека капсацинот, биоактивна состојка поради која чили-пиперчињата се толку лути, може да го забрза метаболизмот и да ви помогне побрзо да се заситите. Меѓутоа едно истражување спроведено на универзитетот УКЛА, САД, сугерира дека слична состојка, што може да се најде во обичните благи пиперки, исто така може да поттикне побрзо губење на килограмите.
Во студијата учествувале 34 испитаници што консумирале нискокалорични течни оброци 28 дена. Половината добивале и блага верзија на капсацин, скратено ДЦТ, а другите плацебо-апчиња.
Откриено е дека групата што добивала ДЦТ трошела речиси двапати повеќе енергија од групата што добивала плацебо-апчиња и ефектите биле повидливи само по неколку часа од земањето на оброкот.
Инаку пиперките, освен што се здрави и вкусни, содржат и малку калории, уште една причина да ги вклучите во вашето секојдневно мени.