Што да јадете ако почувствувате глад доцна навечер

Често се случува да почувствувате глад во доцните ноќни часови. Чувството на глад во овој период е нормална појава, доколку поминале неколку часа од вечерата. Многумина тогаш имаат дилема што да прават.

Банани: тие се едноставна и лесно достапна опција за јадење ноќе. Богати се со витамини, растителни влакна и со калиум, поради што се одличен извор на енергија.

Сирење и двопек: можете да ги јадете навечер, бидејќи оваа комбинација е богата со калциум, протеини, мелатонин и со триптофан.

Тост со авокадо: добар избор, бидејќи на овој начин во организмот ќе внесете здрави масти, растителни влакна и калиум. Сепак, изберете интегрален леб за тост, а можете да го зачините со што сакате.

Црни маслинки: Добро е секогаш да ги имате во фрижидерот, за да можете да ги јадете ноќе кога ќе почувствувате глад. Ќе ве заситат, а нема да внесете многу калории.