Доколку ви се случува да чувствувате жед наспроти тоа што ја внесувате препорачаната дневна доза од два литри вода, обидете се со напивката што ја препорачува лекарката Дана Коен.
Доколку чувствувате жед и покрај тоа што пиете вода, можно е да сте веќе дехидрирани. Дехидрацијата е лоша за здравјето и затоа треба да направиме сѐ да ја избегнеме – вели Коен.
Состојки: половина јаболко, половина краставица, 2 лажици семки од чиа, сок од еден лимон, 1 помал ѓумбир, 1 филџан спанаќ, 3 филџани вода.
Приготвување: сите состојки се ставаат во блендер и се меша сѐ додека се добие течна смеса. Доколку повеќе сакате кашестиот сок да го пиете студен, ставете неколку коцки мраз.
Овој вкусен и здрав пијалак дава сила и ја гаси жедта подобро од вода и треба да се пие секојдневно.