Доколку пред доаѓањето на летото сакате да изгубите некој килограм, сигурно ќе ве интересира кои намирници дополнително го забрзуваат метаболизмот и на тој начин помагаат во намалувањето на тежината.
Агруми: намирниците како портокали, грејпфрут, лимон и лимета содржат витамин Ц, кој ја забрзува разградбата на мастите, па поради тоа е доста корисен ако сакате да ослабете. Дневната доза на овој витамин е 60 милиграми, а ако се зголеми на 500 милиграми ќе го
забрза топењето на масните наслаги во текот на вежбањето за 40 отсто.
Шумско овошје: бобинките се богати со диетални влакна. На пример еден филџан малини содржи 8 грама влакна и само 60 калории. Јагодите, капините и боровинките исто така се одличен извор на влакна, кои ги впиваат мастите и калориите.
Житни снегулки: според една студија објавена во „Журнал оф американ диететик асосиејшн“, се открива дека консумирањето житни снегулки за појадок за 30 отсто ги намалува шансите да се здебелите. Тие го забрзуваат метаболизмот, но и бавно се варат, па затоа подолго ќе бидете сити и полни со енергија. Влакната исто така одржуваат стабилно ниво на инсулин, а тоа спречува складирање на мастите во вашето тело.
Лук: оваа бомба на хранливи состојки, освен што го јакне имунитетот, штити и од разни заболувања, ако се јаде во мали количества.