Важноста на миењето на овошјето и зеленчукот пред консумацијата

Кај миењето на овошјето и зеленчукот најдобра е златната средина. Често погрешно се мисли дека поентата на миењето е отстранувањето на наталожените пестициди од површината, на пример сјајниот слој на јаболката или белите точки на портокалите. Всушност, количеството на пестициди што се во земјоделските производи, главно, е над дозволените граници. Поголем проблем претставуваат патогените микроорганизми – бактерии, вируси или паразити. Што се случува кога ќе изедеме заразено овошје или зеленчук? Микроорганизмите што се наоѓаат на свежата храна може да предизвикаат многу нешта, од лесна болка во стомакот до екстремни, па и смртни случаи. Сте слушнале ли за салмонела, ешерихија коли или за хепатитис А? Тоа се само некои од можните последици.
Токму затоа, пред употребата, продуктите се мијат под млаз студена вода. Овошјето со мека кожа може лесно да се протрие, а она со потврда треба да се истрие добро. И овошјето со цврста кора (банана, портокал, авокадо, диња) исто така треба да се измие, бидејќи бактериите и другите микроби може да преминат од надворешната на внатрешната страна, која ја јадеме.